Денеска сончево а во недела повторно промена- какво време не очекува за викендов

Во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност и ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 4 до 11 степени.

Во Скопје слично време со температура до осум степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота.

Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег.

 Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.

 

 

 

16.02.2018 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега