СДСМ: Заврши времето кога институциите молчеа и не преземаа ништо
СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Времето кога институциите беа инертни и незаинтересирани за граѓаните, кога молчеа и не преземаа ништо заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Јавноста веќе неколку денови е запознаена со мерките што надлежните институции ги преземаат за расчистување на овој случај, за заштита и поддршка на малолетната жртва и за идна превенција од повторна појава на вакви или слични случаи- Велат од СДСМ.
За жал, овој случај ја потврдува неопходноста од темелни промени во општеството и истовремено докажува дека ВМРО-ДПМНЕ покрај лажните вести што ги создава е подготвена и да злоупотребува лични трагедии и судбини за политички цели. Наспроти долгогодишното уништување и партизирирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ активно работи на градење на функционални институции што ќе работат ефикасно и професионално и коишто ќе ги штитат правата и интересите на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа