Централен регистар со важно известување за граѓаните

Централниот регистар и во сабота на 24 февруари од 8:00 до 16:00 часот ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017 година во сите градови освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар, информираат од институцијата.

Во понеделник, вторник и среда Централниот регистар ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, освен во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево, каде работното време ќе биде од 8:00 до 16:00 часот. Во Кратово, Крушево и Демир Хисар, каде Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе се врши во понеделник, вторник и среда од 8:00 до 16:00 и тоа во Кратово и во Демир Хисар во просториите на општината, а во Крушево во УНИ банка.

-Субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15 март годинава, велат од Централниот регистар.

 

 

 

19.02.2018 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега