Во Струмица ќе се поделат над 3.000 порции посен грав

 

 

Според организаторите годинава за прв пат треба да се подготват околу три илјади порции грав. Традиционалното македонско јадење ќе го приготвуваат готвачи од ресторанот „Ројал Парк“, со помош и поддршка на повеќе струмички компании и на општина Струмица.

Настанот се случува во рамките на карневалските свечености и е познат како чист понеделник, првиот ден од Велигденските пости.

Посниот грав се служи секоја година, традиционално на градскиот плоштад и редовно има илјадници присутни гости. Ручекот на отворено е во организација на Организациониот одбор на Струмички карневал.

Големиот казан во кој се приготвува гравот уште од раните утрински часови бил поставен на плоштадот во Струмица и биле ангажирани неколку готвачи.

 

 

 

19.02.2018 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега