Директорка на училиште незаконски вработила воспитувачка

Четириесет и петгодишната С.С., директорка на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, ја вработила К.Ј. како воспитувачка во ученичкиот дом во состав на училиштето, и покрај тоа што знаела дека таа не ги усполнувала условите за извршување на работните задачи.

Во одреден период, директорката, спротивно на законските прописи, ја ангажирала К.Ј. како воспитувачка без договор за вработување.

Против С.С. е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба.

 

 

 

20.02.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега