Тетово: Кршеле шишиња и чаши во ресторан, па претепале татко и син

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот С.С. и 30-годишниот С.Ѓ., двајцата од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. 

Имено, на 01.01.2018 година околу 01:30 часот во Тетово на улица „Јане Сандански“ во угостителски објект пријавените, по претходна вербална расправија, физички ги нападнале 42-годишниот Љ.Т.  и неговиот 17 годишен син, двајцата од Тетово, при што им нанеле телесни повреди во пределот на главата и телото, а потоа почнале да кршат шишиња и чаши во објектот.

 

 

 

21.02.2018 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега