Косовски државјанин уапсен на граничниот премин „Свети Наум“

Регионалниот центар за Гранични работи Запад поднесе кривична пријава против 40-годишниот У.М. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „фалсификување исправа“.

На 18.02.2018 година на Граничниот премин „Свети Наум”, на излез од Р.Македонија, пријавениот при извршена контрола, приложил фалсификувана бугарска лична карта, со намера да ја употреби како вистинска со цел непречено да ја премине државната граница.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.

 

 

 

21.02.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега