Зимата не поминува - викендов драстична промена на времето

Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови. Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната од пет до 11 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса, односно под снежен бран. Се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава повремено ќе бидат од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од нула до пет степени.

Додека во регионот веќе има снег, кај нас се најавува до вторник. Се очекува насекаде формирање снежна покривка, а на планините ќе има нејзино значително зголемување. Изобилни врнежи од снег се очекуваат во јужните и источните делови на Македонија.

Инаку, во делови од регионот како Хрватска, веќе има снежна покривка од 118 сантиметри, а снегот не престанува. Се очекуваат уште 50 сантими до утре, веќе нема и како да се чистат улиците, а прогласен е и црвен метео аларм.

 

 

 

23.02.2018 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега