Кекеновски: ЕУ врши притисок, Грција ќе мора да направи одредени отстапки

Универзитетскиот професор и претседател на Фронтот за демократска Македонија, ФРОДЕМ, Јове Кекеновски во изјава за ТВ21 вели дека европските институции вршат притисок спорот за името да се реши до јуни, Македонија да стане членка на НАТО и да добие покана за почеток на преговорите со Европската унија. 

Поради целиот овој процес, според Кекеновски и Грција ќе мора да направи одредени отстапки поглед на седумте позиции во преговорите, и дека Македонија не смее да попушти кога станува збор за идентитетот и јазикот на македонскиот народ.

„Се врши сериозен притисок, да се најде некој компромис. Очигледно дека ако се најде компромис, сигурно дека во тој компромис не треба да има поразени и победени. Мислам дека и Грците ќе мора да отстапат од оној тврд или крут став кој го имаат по однос на сите седум прашања“, вели Кекеновски за ТВ21.

 

 

 

23.02.2018 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега