Таравари ќе поднесе жалба за одлуката на МОН да му се одземат ингеренциите во областа на образванието

По одлуката на МОН, на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари да му се одземат ингеренциите на градоначалникот во делот на образованието поради неколку одлуки на просветниот инспекторат, тој изјави дека ќе поднесе жалба.

Иако ден претходно Таравари изјави дека одлуката била донесена без предупредување, тој сега ја промени својата изјава и рече дека бил известен два пати, но немал доволно време за да ги спроведе промените што ги барало Министерството.

„Приватно предупредување имаше од министерката за образование, но официјално добивме едно писмо од просветниот инспекторат со некои забелешки и ние планиравме овие забелешки да ги корегираме. Постојат сериозни нерегуларности од страна на поранешните директори и ние, исто така, испративме објаснување кај министерката за образование зошто се сменети овие поранешни директори на училиштата. Некои останаа и како што вели г-дин Заев дека на ВМРО-ДПМНЕ не се сменети, но јас нив ги наследив од господин Бејта и останаа истите и се мислев кого да назначам“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

Таравари смета дека ваквата одлука е политичка.

- Денес Заев ги зема ингеренциите од општина Гостивар и и ги даде на ДУИ. Истото се случи и во 2010 година, меѓутоа тогаш Груевски го направи истото.  Каде е резликата меѓу 2010 vs 2018 година?! Менталитетот, кој не мисли како нас треба да се уништи! Секоја чест, баш “општество за сите”, напиша Таравари на Фејсбук.

 

 

 

 

23.02.2018 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега