Страшна несреќа кај Градска болница: Автобус на ЈСП закочил, таа удрила во задната гума

Околу 11 часот и 58 минути во Скопје, на улицата „11-ти Октомври“ пред Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, 53-годишниот С.М. од Скопје управувајќи автобус со скопски регистарски ознаки, застанал на автобуската постојка.

Во тој момент 59-годишната С.Ј. од селото Сарај, се удрила во задната гума од автобусот. Истата била пренесена во Градска општа болница  „Св.Наум Охридски , каде од страна на доктор и е констатирана тешка телесна повреда и тоа скршеница на карлица и лев скочен зглоб, а по укажаната лекарска помош ќе биде задржана на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

24.02.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа