Повеќе од 150 трактори обезбедени со финансиска поддршка во Неготино и Демир Капија
Повеќе од 150 трактори и земјоделска механизација во Неготино и Демир Капија се обезбедени преку програмите за финансиска поддршка, информира за МИА Ѓорѓи Ајтов, раководител во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.
- Во меѓувреме, 52 млади земјоделци добија грант од по 600 илјади денари што е солидна бројка, нагласува Ајтов.
Тој додава дека и понатаму им стојат на располагање на сите земјоделци, со совети за поквалитетно и поконкурентно земјоделско производство.
27.02.2018 - 15:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа