Петир против промената на името: Македонците имаат свое име (Видео)

 

Пратеничката во Европскиот Парламент, Марјана Петир, преку видео обраќање, истакна дека Еу сака Македонија да биде дел од семејството.

- Македонија и македонскиот народ не се сами и имаат пријатели овде во Европскиот Парламент. Македонија со години трпи бројни неправедности, една по друга, кои ја оставаа вратата на ЕУ затворена за неа. Сметав тогаш, а и сега дека ЕУ се однесува неправедно кон Македонија, вели Петир.

Додава дека овие денови претседателот на ЕК ја псоетил Македонија и изразив подготвеност за преговорите што е позитивен знак, но според неа е проблем што Грците сакаат наместо прст, цела рака.

- Ја делам загриженоста за промена на името и идентитетот на Македонците, вели таа и додава дека Македонците имаат свое име.

Се надева дека Владата ќе води сметка за народот.

Петир вели дека ги охрабрува Македонците да го чуват највредното што го имаат и дека таа ќе помогне колку може. 

 

 

 

28.02.2018 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега