ДУИ: Назначувањето на Лазар Еленовски е наш предлог
Демократската унија за интеграција попладнево потврди дека назначувањето на Еленовски за специјален пратеник на владата во НАТО е по нивни предлог.
„Со оглед на објавените информации во јавноста за назначувањето на Лазар Еленовски како специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел, би сакале да ја информираме јавноста, дека г-дин Лазар Еленовски, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел, така и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од ДУИ.
Лазар Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија“ се вели во соопштението на ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа