Планинари ќе пешачат 30 километри за да им помогнат на старите завеани лица во кочанско
Снегот кој ја зафати територијата на цела Македонија, а особено натрупа во кочанскиот регион, предизвика повеќе осоговски села да се отсечат, поради што членови на планинарското спортско друштво „Осогово", ја покажаа хуманата страна.
Со оглед на тоа дека во селата има многу стари и болни лица, тие на социјалната мрежа Фејсбук споделија дека им се потребни лекови и некои од основните продукти за прехранување, па затоа ќе пешачат и ќе им ги обезбедат.
- „Затоа ние од планинарското спортско друштво Осогово сме расположени да испешачиме повеќе од 30 километри за да им ги доставиме продуктите и лековите кои им се потребни за секојдневна терапија. Секој кој има желба може да донира некои продукти и лекови“, се вели во повикот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа