Одложен состанокот Николовски-Љајиќ: Наредните денови ќе се бара решение за брашното
Одложен е состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија на кој требаше да се изнајде решение за проблемот со увозот на српското брашно.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), разговорите меѓу двајцата министри продолжуваат следните денови.
- Двајцата министри се одлучни и посветени на изнаоѓање долгорочни решенија, во духот на почнатиот Берлински процес, кој води кон создавање услови за заеднички пазар. Засегнатите страни се информирани дека со измените на Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркички за означување брашно, се менува само распоредот на целата процедура за увоз на брашно од странски земји во Република Македонија, наведуваат од МЗШВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа