На новите табли има место да се допише името на автопатот и на Албански, откако ќе биде изгласан Законот (видео)

Коридорот 10 од автопатот Александар Македонски официјално и на таблите на беше преименуван во „Пријателство“ односно “Friendship”, а за тоа зошто таблите се напишани само на македонски и на англиски јазик, директорот на јавното претпријатие „Улици и Патишта на Македонија“, Зоран Китанов изјави дека претпријатието ги спроведува владините одлуки. Кога ќе биде донесена одлука за поставување натпис и на албански јазик, тогаш автопатот ќе биде означен и на албански- објави ТВ21.

Тој додаде дека за допишување и на албански јазик не се потребни многу пари, шпекулации кои кружеа во јавноста, бидејќи, како што рече се коригира само  површински слој на таблата. И вицепремиерот Хазби Лика, за ТВ21 изјави дека таблите за сега не може да бидат напишани и на албански јазик бидејќи законот за употреба на јазиците не е изгласан.

„Ние сме во процес на усвојување. Во третата фаза ќе има усвојување на законот за употреба на јазиците и се надевам  дека кога ќе помине овој закон во Собранието, ќе се формира агенција за имплементирање на јазикот и доколку е предвидено со закон, таблите задолжително ќе се направат и на албански јазик“, вели Лика.

Договорот за преименување на автопатот од Александар Македонски во „Пријателство“ беше постигнат на средбата меѓу премиерот на Република Македонија, Зоран Заев со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, во Давос. Наскоро се очекува да биде поставен и новиот натпис на аеродромот – „Меѓународен Аеродром Скопје“.

 

 

 

02.03.2018 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега