Пржино замонува во историјата - ВМРО-ДПМНЕ добива претседател на ДИК

Пржинскиот договор заминува во историјата кога станува збор за составот на ДИК.

Мицкоски и Заев на денешната средба договориле враќање на стариот модел во кој опозицјата ќе добие претседател, а власта мнозинство во ДИК.

Информацијата ја потврди и Мицкоски кој додаде и дека дека почетокот на есента договорено да се донесе и нов Изборен законик.

Мицкоски рече дека, со Заев разговарал и за спорот за името констатирајќи дека од последната средба на кој власта го информираше за текот на преговорите, па се до денеска нема никакви промени.

Рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го смени законот за јазиците додавајќи дека има чувство дека работните групи во Собранието усогласиле најголем дел од останатите спорни прашања и до крајот на идната недела очекува конечен договор.

Мицкоски рече дека нема услови за враќање во Собранието коментирајќи дека има чувство дека тие набрзо ќе се создадат алудирајќи на ослоблдување на притворените

 

 

 

04.03.2018 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега