Анѓушев и Бектеши на средби во Стопанската комора
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржат работна средба со претставници на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија.
На средбата ќе се дискутира за предложените мерки во „Планот за економски раст“, кои треба да условат подобрување на конкурентноста и зголемување на инвестициите, со цел поттикнување на економскиот раст на македонската економија.
05.03.2018 - 08:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа