Прегазен пешак со тешки повреди пренесен на скопските Клиники

Околу 19 часот и 20 минути на регионалниот пат Куманово-Скопје, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот С.Б. од селото Орланци, општина Арачиново, удрило во пешак.

Се работи за 40-годишниот П.К. од селото Умин Дол, кумановско. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Куманово, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

05.03.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа