Младиот планинар од Неготино за годинава најави искачување на осум врвови во Македонија и четири во странство

 

 Младиот планинар Ване Бошев од Неготино за годинава најави искачување на осум врвови во Македонија и четири во странство, тој денеска беше примен во кабинетот на неготинскиот градоначалник Тони Делков. Градоначалникот рече дека спортистите и спортските клубови секогаш ќе ја имаат неговата и поддршката на локалната самоуправа, во рамките на можностите. 

- Најголем предизвик ќе биде освојувањето на врвот Мармулада на планината Надолмити во Италија, со височина од 3.347 метри во месец јули, како и освојувањето на три врвови на Бистра планина во рок од 48 часа, информираа Ване и неговиот татко Орданчо, исто така планинар. 

Бошеви на градоначалникот Делков му подарија сет фотографии од највисоките освоени врвови од страна на младиот планинар, кој планинари од неполни три години и има искачено многу планинарски врвови во земјава и странство.

 

 

 

05.03.2018 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега