Претседателот на Советот на јавни обвинители не одговoра на обвинувањата од амбасадорот на САД за непотизам
Претседателот човек на Советот на јавни обвинители ги избегна медиумите и остана без коментар на обвинувањата на амбасадорот Бејли за постоење на непотизам и конфликт на интереси во оваа институција. На првиот јавен настан, Штерјев дојде неподготвен за прашањата на новинарите, објави Сител.
За разлика од молкот на Штерјев, заменик-министерот за правда пак очекува членовите на Советот кои јавно ги посочи амбасадорот на САД, да се повлечат од функцијата.
Веста дека Штерјев присуствувал на седницата на која неговата внука беше избрана за обвинител за организиран криминал и корупција, амбасадорот Бејли ја посочи како еден од примерите за непотизам и конфликт на интереси во Советот на јавни обвинители кои ја поткопуваат довербата во правосудните органи. И по 10-тина дена од ваквите обвинувања, Советот останува без одговор дали ќе се повлечат спорните одлуки за избор на нови јавни обвинители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа