Пустош во тетовско, се излеа Вардар - поплавени куќи и патишта

 

Поради топењето на снегот и врнежите од дожд се излеа реката Вардар која поплави неколку улици и куќи во село Раотинци во општина Јегуновце, објави 24вести.

Нивото на реката започнало да се зголемува уште вчера попладне, а сѐ уште е на критично ниво.

Мештаните бараат излез од оваа ситуација од надлежните, кои најавувале санација на речното корито, но тоа не се случило.

Голем дел од земјоделската површина е поплавено а штетата допрва ќе се одрази особено како што велат за време на пролетната сеидба. Мештаните сега се плашат од најавите за нови врнежи од дожд, кои би донеле уште поголеми проблеми.

Поплавени ниви со пченица, репа и голем број пластеници ова се само дел од штетите кои се предизвикани од излевањето на Вардар.  Од месната заедница на селото  велат да спадне водата на реката  со багер ќе интерввенираат за да се вдлаби дел од коритото и дното на реката а со цел спречување од понатамошно излевање на Вардар. Покрај Раотинце и Копанце поплавени места има и во Сиричино и Туденце, сите населени места во општина Јегуновце. Во обиколка на селото забележавме како жителите сами се справуваат со поплавата. Од УХМР информираат дека времето во Македонија ќе биде облачно со  повремени врнежи од дожд – со што се препорачува на внимателно движење покрај реките низ Македонија.

 

 

 

05.03.2018 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега