Заев ја поздрави одлуката за оставка на членовите на Антикорупциска

 

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на дел членовите од Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) да поднесат оставки.

- Можеме да ги ослободиме институциите доколку бидеме транспарентни, отчетни и доколку преземеме одговорност, макар и етичка. Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија, која ќе почива на сите потребни меѓународни пракси и ќе биде будното око на следење на извршната власт и на се што има допир со народните пари, рече Заев.

Според него на Македонија и треба институција која ќе биде за пример и која ќе биде еден од најголемите коректори на слабостите на системот во насока на севкупната определба за борба против корупцијата.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција Игор Тантуровски денеска поднесе оставка, потврдија за МИА од Антикорупциска. Тој изутрината ја доставил оставката до Собранието.

Оставка вчера поднесе и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков, кој беше првиот што се повлече од функцијата, откако пред неколку дена беше објавен скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во Комисијата

 

 

 

06.03.2018 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега