Панчевски сака обвинител да ја сослуша Катица Јанева пред него

Експретседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, во Обвинителство два часа даваше изјава по кривичната пријава што ја поднесе за специјалната обвинителка Катица Јанева, во врска со претресот што СЈО го изврши во неговиот дом за време на летото, пренесе Сакамдакажам.

Тој обвинува за нелегален претрес кој го сними со камера, а снимките веднаш ги објави. Панчевски побарал од Обвинителството на сослушување да бидат викнати и Јанева и нејзините соработници кои го вршеле претресот кај него дома и притоа и тој да биде присутен.

За потсетување, специјалната обвинителка Јанева по неколкудневен претрес на персоналниот компјутер на Панчевски, каде што истражуваше негови злоупотреби во АКМИС системот, влезе и во неговиот дом, каде што, исто така, изврши контрола во личниот компјутер.

 

 

 

06.03.2018 - 15:12
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега