Само Амди Бајрам дојде на собраниската седница- повеќе новинари отколку пратеници во салата

 

Само пратеникот Амди Бајрам се појави во собраниската сала каде денеска е закажана да се одржи 32 седница, на чиј дневен ред е законот за употреба на јазиците во трето читање, откако претседателот Иванов одби да го потпише по неговото усвојување. ВМРО ДПМНЕ има поднесено 35.000 амандмани, објави ТВ Нова.

Службата регистрирала дека 62 пратеници се пријавиле со службените картички. Од нив 14 се ов ВМРО ДПМНЕ.

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери нема објаснување зошто доцни седницата која најпрво беше закажана за напладне, а потоа одложена за во 15 часот, поради координацијата на пратеничките групи, на која не присуствувале пратениците од опозицијата. Од кабинетот на Џафери се децидни дека седницата ќе се одржи, но не прецизираат кога.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, се појави во пленарната сала, каде што на прашање на новинарите дали ќе има седница, само кусо одговори: „Господ знае“.

Некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стојат пред вратите на собраниската сала

 

 

 

06.03.2018 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега