Владата се премисли: Мерцедесот веќе не се продава
Владата вечерва на седница одлучи да ја стави во мирување продажбата на „мерцедесот“ вреден 600.000 евра што го набави претходната влада, со цел да осигури дека никој нема да ја искористи оваа постапка за да избегне одговорност во судскиот процес каде ова возило е материјален доказ. За набавката на „мерцедесот“ СЈО отвори предмет „Тенк“ кој е во судска постапка.
Владата го формираше и Советот за следење на имплементацијата во правосудството за период 2017-2022.
– Со ова тело претседава премиерот Зоран Заев, а помеѓу членовите на ова тело не се наоѓаат имињата на оние кои во изминативе 11 години беа дел од негативните појави во правосудството – додаде Бошњаковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа