Малолетник уништувал споменици и цртал кукасти крстови на музејот „11 Октомври“ во Прилеп

 Против 15-годишник од Прилеп е поднесено посебно известување поради основано сомнение дека цртал кукасти крстови на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941 година - Участакот“  и на уште неколку други објекти.

Малолетникот К.Д. е осомничен за кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. 

Тој на 30 јануари годинава од страна на полициски службеници бил забележан како црта кукасти крстови на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941 година – Участакот“ кој е споменик на културата и на уште неколку други објекти.

 

 

 

07.03.2018 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега