Две лица приведени на Деве Баир

Во 07 часот и 50 минути на Граничен премин „Деве Баир“, на влез во Македонија, поради сомнение за „Фалсификување на исправа-зелена карта“ приведен е 47-годишниот A.M. од Турција, кој управувал товарно моторно возило “Даф“ со турски национали ознаки и полуприколка. Лицето е лишено од слобода и по преземени мерки е поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство Крива Паланка. 

Во 12,30 часот на Граничен премин „Деве Баир“, на влез во Република Македонија, поради сомнение за „Фалсификување на исправа-зелена карта“ приведен е и 23-годишниот A.C. од Турција, кој управувал товарно моторно возило “Сканиа“ со турски национали ознаки и полуприколка.

Лицето е лишено од слобода и по преземени мерки е поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство Крива Паланка. 

 

 

 

08.03.2018 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа