Две лица повредени во сообраќајка денеска на патот Куманово-Крива Паланка

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, на местото „Ливади“, соопшти МВР.

Во несреќата учествувале две возила „Сеат толедо“ со скопски регистарски таблици, управувано од 51-годишниот Ќ.Т. од село Блаце и „Форд мондео“ со кумановски регистарски таблички управуван од 44- годишниот Б.А. од Куманово. Во незгодата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Увидот на полицијата се уште трае. Сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, како што информираше АМСМ е во прекин од 12:05 часот. 

 

 

 

08.03.2018 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега