Прегазена скопјанка итно транспортирана во болница

Во 15 часот и 50  минути на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот И.С. од Ресен, удрило во пешак.

Се работи за 54-годишната С.П. од село Ајватовци, скопско. Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни поведи и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

08.03.2018 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега