МВР со детали за вчерашното убиство и самоубиство во Прилеп

Вчера во 12 часот и 15 минути во Полициската станица Прилеп, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улица „Димо Наредникот“ во Прилеп била пронајдена почината 76- годишната  И.Н со прострелна рана во главата, додека во заедничката просторија од зградата пронајден бил починат и нејзиниот сопруг 81- годишен М.Н.

За време на увидот во станот бил пронајден пиштол „Застава“  калибар 9 мм, кој со дозвола го поседувал М.Н., потоа една испукана чаура, една празна рамка и една рамка со два куршуми.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле  предадени за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

09.03.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега