Апсење на граничниот премин „Табановце“

Вчера во 21 часот и 30 минути на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето 47- годишниот Н.И од село Џепчиште, тетовско, се наоѓа на листата за издржување казна затвор во траење од еден месец и 20 дена  за сторено  кривично дело по член 235 став 1  од Кривичен законик  на Република Македонија.

Лицето било приведено и во  22 часот и 50 минути, со Потврда за предавање на лице, било предадено на полициски службеници од  СВР Куманово за натамошна постапка.

 

 

 

 

09.03.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега