Осум лица повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (08.03.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и една со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, додека седум лица се здобиле со лесни телесни повреди. 17 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со брзина поголема  од дозволената. 13 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 11 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило додека двајца го управувале возилот под дејство на алкохол. 11 возила се исклучени од сообраќај, бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 91 мандатни платни налози,  додека 119 возила се подигнати со "Пајак".

 

 

 

09.03.2018 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега