Убиецот на Мартин Нешковски побегнал од затворот во Идризово

Игор Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски побегнал од затворот во Идризово па повторно се вратил во алкохолизирана состојба, јавува порталот Досие повикувајќи се на свои извори.
Според порталот, Спасов од Идризово побегнал вчера но утрото околу 2 часот сам се вратил во затворот под дејство на алкохол.
Порталот пишува дека тој во текот на вчерашниот ден, спротивно на законот бил преместен во отвореното одделение од каде што лесно може да се побегне. Според Досие, Спасов таква привилегија можел да добие најрано за 3 години.
Игор Спасов беше осуден на затворска казна за убиство со умисла во траење од 14 години и 6 месеци.

 

 

 

09.03.2018 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа