Тешка кражба во Струмица - „оперирале“ по куќи, деловни простории и автомобили

Кривична пријава против тројца арамии од кои еден малолетник, а кои „оперирале“ цели два месеца на подрачјето на Струмица, денеска поднесе струмичката полиција до Јавното обвинителство. Кривична заработи и едно лице кое ги откупувало украдените работи.

Како што соопшти МВР кривична пријава е поднесена против лицата 22-годишниот Ѓ.Д. од село Куклиш и 26-годишниот Д.Т. од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека двајцата, заедно со кривично-пријавен седумнаесетгодишен малолетник, во периодот од еден ден пред нова година до 21 февруари 2018 година, извршиле 27 кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“ од куќи и деловни простори, како и две кривични дела „одземање моторно возило“, на подрачјето на Струмица и во село Куклиш. Исто така, а во врска со оваа криминална група, кривично пријавено е 29-годишниот В.А. од село Куклиш кое се сомничи дека сторило кривично дело - „прикривање“, на начин што од првопријавениот и малолетното лице откупувал различни предмети, иако знаел дека истите потекнуваат од извршени кривични дела.

 

 

 

09.03.2018 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега