На секои две години ќе се оценува работата на судиите

Владата на седница вчера ги утврди предлог законите за изменување и дополнување на Законот за судски совет на РМ и на Законот за судовите. Основна цел на измените и дополнувањата на Законот за судски совет, како што наведуваат во соопштението од владината прес-служба, е внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот на секои две години.

- Воедно се внимаваше на целосна избалансираност на критериумите во системот на оценувањето. Истовремено се интервенира и во однос на одребите за член на Совет со право на глас, рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд, се зајакнува одговорноста во работата на Советот и слично, појаснуваат од Владата. Со измените што се предлагаат се зајакнува квалитативниот критериум во оценувањето на судиите и претседателите на судовите во однос на квантитативниот. Направени се и вградување на препораките од Венецијанската комисија дадени во последните изменувања и дополнувања на Законот за Судски совет на Република Македонија, во однос на транспарентното работење на Советот.

Се внесуваат и измените предвидени согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. 

 

 

 

14.03.2018 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега