Села го осуди ослободувањето на Илиќ кој е обвинет за смртта на малиот Алмир

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села на денешната прес-конференција го осоду актот за ослободување на Бобан Илиќ, обвинет за смртта на малиот Алмир од Куманово.

– Апелирам до сите структури и до министерот за правда, веднаш да преземат дејствија или во спротивно да даде оставка како единствен и последен морален чин. Не ни требаат јавни писма од обвинителите за тоа што правеле или како биле настроени, имаме потреба истите веднаш да покренат постапка за затворање на убиецот, кој веднаш по пуштање од затвор, му се закани по животот на еден новинар. Тие ова треба да го сторат не по етничка линија, туку како морален чин и предводени од почитување на правото и ако навистина веруваат во правдата на оваа држава и со тоа Бобан Илиќ повторно да се врати каде што му е местото, во затвор, рече Села.

 

 

 

16.03.2018 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега