Одбраната на екс директорот на СОЗР бара укинување на притворот

Адвокатот на поранешниот директорот на СОЗР поднесе жалба до Кривичниот совет за укинување на притворот на Васе Доневски. Адвокатот на Доневски за Сител изјави дека нема причина екс директорот на СОЗР да биде лишен од слобода бидејќи тој им е достапен на  управата за финансовата полиција од првиот момент кога е осомничен за случајот. За разлика од Доневски кој е македонски граѓанин, на лицето кое се товари за соизвршител му е одземен само пасошот како гаранција и се брани од слобода  и покрај тоа што се работи за странски државјанин. Одбраната очекува Кривичниот совет да го укине притворот на екс директорот на СОЗР.

Јанаќиевиќ тврди дека е неоснован и сомнежот на првостепениот суд дека осомничениот може да влијае врз сведоците. Одлуката на кривичнито совет се очекува  до крајот на оваа недела. Финансиската полиција го сомничи екс директорот на СОЗР дека противзаконски склучил договор со компанијата секјуриком во вредност од над 10 милиони евра.

 

 

 

19.03.2018 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега