Мицкоски: Занесен во својата моќ или немоќ, Заев сака да го забрани и правото на протест

На средба со граѓани и членови на 5-тиот месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски разговараше за актуелната состојба, и за случувањата околу законот за јазици и повеќе други актуелни предизвици. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека е некоректно што денес премиерот Заев ги вмеша и децата во политиката. 

Оваа негова изјава е обид да се внесат емоции и ниски страсти, ова е начин на комуникација кој не го одобрувам, затоа што тоа не е моја одлика. Очигледно занесен во својата моќ или подобро кажано немоќ, Заев сака да го забрани и правото на протест, изјави Мицкоски. 

Тој додаде дека злоупотребата на децата за дневно политички цели е игра на ниски страсти што самата по себе е безкурпулозна.

Мицкоски порача да ги остави децата надвор од политиката и да не ги користи како жив ѕид меѓу неговиот личен срам, концесијата која ја има, погрешните одлуки и народот од другата страна.

Добив информација дека се регрупираат полициските сили кои што имаат за задача и цел во текот на денешниот ден и утре и задутре оние мирни протестанти кои што мирно го изразуваат својот револт да ги стишат по секоја цена, па се закануваат со кривични пријави со повторно притвори, апсења и така натаму. Тоа ќе претставува едно такво кршење на човековите права и враќање на Среќна нова 49-та година, истакна Мицкоски.

Нема ниту еден аргумент за ова што денес и го приредоа на Македонија и често пати се обидувам да најдам одговор на прашањето дали има некоја добра работа што ја прави во моментов. Дали има некоја добра работа во овие 10 месеци. Нема таква, а нема затоа што не работат ништо, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

 

 

 

19.03.2018 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега