Мицкоски на терен во Валандово: Спогодбата за името е соло игра на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со граѓани на Валандово. Тој на средбата потенцира дека истиот впечаток кој што го добил и во Босилово, и во Ново село, и во Радовиш, Струмица и во Конче се пресликува и тука во Валандово.

– Станува збор за навистина тешка ситуација, луѓето гледаат безидејност, безнадежност. Полека својата иднина ја гледаат надвор од Република Македонија, да ги напуштат родните огништа, а сето тоа е резултат на политиките кои што новата влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев ги водат во Република Македонија, изјави Мицкоски.

– Таман помисливме дека ќе престане да дава изјави поврзани со спорот кој што нашиот јужен сосед го има со нашето уставно име, видовме дека уште еден гаф се случи, а тоа е предлог спогодба која што Зоран Заев и министерот за надворешни работи Димитров пред некој ден ја доставиле до соседна Грција без воопшто да се консултираат за нејзината содржина со ВМРО-ДПМНЕ и за тајмингот кога таа предлог спогодба ќе ја поднесат.

Тој осврнувајќи се на општата економска состојба додаде дека луѓето се безнадежни, луѓето губат надеж, а тоа е резултат на погрешните политики на владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз.

 

 

 

21.03.2018 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега