Скандал го тресе светот - познатите личности апелираат на масовно бришење на Фејсбук профилите

Бројни јавни личности ја поддржуваат иницијативата за масовно бриешење на Фејсбук профилите, а насјилна порака испрати основачот на WhatsApp, Брајан Актон. Тој им порача на сите корисници на Facebook да ги избришат своите профили поради се почестите скандали за прибирање и злоупотреба на приватните податоци, особено со случајот на Cambridge Analytica компанија блиска до кампањата на Трамп обработувала податоци за кој како и за што гласал пред да се одржат претседателските избори.

Интересно е што Актон заработи огромно богатство продавајќи ја WhatsApp на Марк Цукерберг за огромни 19 милијарди долари и сега неговата апликација е во сопственост и под контрола на Faceboook.

Вредноста на најпознатата светска социјална мрежа падна за 37 милијарди долари, а нејзиниот сопственик Марк Цукерберг изгуби шест милијарди долари по откривањето на скандалот и најавите за тужби против Cambridge Analytica.

 

 

 

21.03.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега