Зголемен бројот на заболени од грип во Велес

Минатата недела во Велес се евидентирани уште 56 лица заболени од грип.

Како што информира за МИА епидемиологот д-р Билјана Трајкова, најголем дел од болните се во најголемата возрасна група, од 16 до 64 години.

Овој месец, досега, заедно со новозаболените, регистрирани се вкупно 148 лица со грип. Во февруари биле 232, а во јануари само 13.

 

 

 

21.03.2018 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега