Ниту трага од пролетта: Снег во цела Македонија, а во недела повторно промена на времето
Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Утре на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од минус два до шест степени.
Во Скопје слично време, облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до еден степен.
Во петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од минус четири до еден степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа