Фото: Снег на патиштата низ Македонија - застој во сообраќајот кај Стража

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово, Стража, Буково, Ѓавато и Плетвар.

Од 11:15 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража. Од 11:20 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово - Дебар.

Поради појава на магла намалена е видливоста кај Страцин до 200м, од с.Гајре до Попова Шапка од 30м до 40м и на Плетвар од 50м до 60м. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

 

 

26.03.2018 - 12:53
Фото: 
Ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега