Амди Бајрам побара од Заев Ром советник во неговиот кабинет

Пратеникот Амди Бајрам побара Заев да размисли да има Ром советник во неговиот Кабинет.

-Не е важно кој ќе биде, важно е да биде образуван, а такви Роми има, рече пратеникот Амди Бајрам.

Заев одговори дека сега завршува огласот за советници.

-Сега завршува огласот за 4-5 советници. Мое право е кого ќе изберам. Верувам дека Ромите ќе бидат мотивирани да се пријават на огласот, бидејќи сметам дека советник за ромски прашања треба да биде Ром, одговори Заев.

 

 

 

29.03.2018 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега