Таравари ја запре кампањата „Вистината за ДУИ“

Прекинува кампањата „Вистината за ДУИ" што гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари и неговите соработници ја отпочнаа со цел да ги обзнануваат неправилностите и злоупотребите на претходната локална власт,  соопшти портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири.

Тој нагласи дека тоа не се случува бидејќи нема нови докази за злоупотреби, туку за да се остави простор на надлежните органи да дејствуваат со утврдените прекршоци.

- Сите повреди и злоупотреби кои ги утврдивме со внатрешните контроли и сите случаи за кои постои основано сомнение за сторен прекршок или кривично дело, ги пријавивме во надлежните органи: Министерството за внатрешни работи - Финансиска полиција, како и во Јавното обвинителство, истакна Демири.

Тој нагласи дека и покрај тоа што Општина Гостивар има побарано контрола од страна на државниот ревизор, побарано е и од Трудовата инспекција и Државниот инспекторат за образование да спроведат вонредни контроли за утврдување на каква било злоупотреба и да се побара одговорност.

- Општина Гостивар ќе продолжи со внатрешни контроли за работата на општинските раководства во минатите мандати, без да се заобиколи и работата на општинската администрација во овој мандат. Значи, никој не може да побегне од одговорност, бидејќи никој не смее да биде над законот, подвлече општинскиот портпарол.

Демири изрази уверување дека судскиот систем во Република Македонија час поскоро ќе се реформира и сите прекрштели на законот и криминалците, ќе ја добијат заслужената казна. 

 

 

 

29.03.2018 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега