Талески на суд: Лустерот од Офицерскиот дом е како секој друг

Битолскиот ексградоначалник Владимир Талески на денешното судење во Основниот суд во Битола по обвинението за негрижа за Офицерскиот дом рече дека апсолутно не се чувствува виновен. Лустерот од балската сала што во обвинението се прикажува како непроценливо богат, всушност е како и секој лустер, само поукрасен и погломазен, а такви денес има во слободна продажба.

- „Напротив, јас како градоначалник се потрудив да ги искористам сите законски можности за свесно работење и што поскоро санирање на Офицерскиот дом“, рече Талески, пренесе Сакам да кажам.

Обвинителката Оливера Нечаковска истакна дека Талески иако бил свесен за обврската да се грижи за заштита на сопственоста на општината, не обезбедил соодветни мерки за заштита на Офицерскиот дом, кој од 1977 година е заштитен како споменична целина.

 

 

 

29.03.2018 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега