Мицкоски меѓу жителите на Стајковци: Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше на средба со граѓани и партиски членови во Стајковци.
-Денес бев на средба со граѓани и партиски членови во Стајковци. Чичко Панче кој чекори длабоко низ седмата деценија од животот, вели државата минува низ најчуствителните премрежја од нејзиното постоење, народот заслужува подобро! И навистина е така:
-граѓаните не заслужуваат влада каде е премиер човек кој на видео се гледа како бара поткуп од 200 илјади евра, и се фали дека по истиот принцип се работело и во други исти такви случаи,
-држава во која Владата ги покрива дупките во Буџетот од џебот на граѓаните преку покачување на даноци,
-држава во која теророт е основна алатка на делување, а правдата за обичниот граѓанин останува недостижна,
-држава која е заробена и киднапирана од луѓе со концесии и долгови, напиша лидерот на партијата на својот Фејсбук профил и додаде:
„Македонија и сите нејзини граѓани заслужуваат подобро, а ВМРО-ДПМНЕ ги има одговорите и решенијата кои ќе бидат преточени во програма. Граѓаните заслужуваат одговорна влада за која на прво место ќе бидат реалниот човек и сите негови потреби и барања. Може и мора подобро!“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа