Нови цени на бензините пред Велигден
Секои две недели Регулаторната комисија за енергетика прави корекција на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија. Регулаторна треба да ја соопшти одлуката за новите цени на бензините кои ќе важат од полноќ следниот ден.
При последната промена на цената на Дизелот се намали за половина денар, а цената на бензините остана непроменета.
Цените на ЕУРОСУПЕР БС 95 и ЕУРОСУПЕР БС 98 останаа исти. 95 октанското гориво чини 65,5 денари, а 98 октанското 67,5 денари еден литар.
Цената на Дизелот се намали за половина денар и чини 57,5 денари за литар.
Следи нова цена на горивата во Македонија. Неколку недели цената се зголемуваше, по што и дизелот ја премина границата од 60 денари, а со последните две одлуки цената се намалува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа